Младите ширум светот, вечерва, го прославуваат традиционалниот пагански празник Halloween. „Ноќта на вештерките“, како што е уште познат помеѓу народот, претставува предвесник на католичкиот празник „Сите светци“, а се прославува вечерта на 31-ви октомври.
Карактеристично за празнувањето, се издлабените тикви во чија внатрешност се поставува фенер. Така декорираната тиква, се остава пред вратите на куќите за време на ноќта. Децата со своите маски, потсетуваат на вештерки, духови и волшебници.Тие во текот на ноќта, тропаат од врата на врата, собирајќи разни слатки од домаќинот на куќата.ж
Благодарение на масс-медиумите и комерицијализацијата, овој празник станува се повеќе популарен и меѓу децата во Македонија. Најчесто се прославува во училиштата за странски јазици,а нема ниту учебници по англиски јазник, каде што и не е спомнат.
Инаку, “Ноќта на вештерките” е еден од четирите најголеми пагански празници, кој влече корени од старите Келти. Според некои преданија, преку маскирањето, старите племенски заедници ги имитирале мудроста и знаењето на боговите.