Младите ширум светот, вечерва го прославуваат Денот на вештерките или Halloween како што уште е познат во САД.
Halloween е ноќта спроти католичкиот празник Сите светци, а името е всушност скратеница од зборовите All Hallows’ Eve (Ноќ спроти Сите светци).
За време на празниот децата традиционално се облекуваат во страшни костими и одат од куќа до куќа собирајќи благо. Најкарактеристични се издлабените тикви во чија внатрешност се поставува фенер, а кои се оставаат пред портите за време на ноќта.
Инаку, „Ноќта на вештерките” е еден од четирите најголеми пагански празници, кој влече корени од старите Келти. Според некои преданија, преку маскирањето, старите племенски заедници ги имитирале мудроста и знаењето на боговите. Денеска „Halloween“ најмногу се празнува во Северна Америка и Австралија, а на стариот континент најмногу го слават Ирците.
OhridNews