Во пресрет на последните две кола од Втората МФЛ огромна е неизвесноста околу двете бараж места.

Еве што вели   ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ НА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

УТВРДУВАЊЕ НА ПЛАСМАНОТ

 

Член 63

 

Екипа која победи на
натпреварот добива 3 (три) бода, кога натпреварот ќе заврши нерешено двете
екипи добиваат по 1 (еден) бод, за загубен натпревар не се добива ниеден бод.

За првенствата на
територија на Република Македонија се води табела со:

 

1.     
Име на екипа

2.     
Број  на вкупно
одиграни натпревари

3.     
Број  на добиени
натпревари

4.     
Број на нерешени натпревари

5.     
Број  на изгубени
натпревари

6.     
Број на дадени и примени голови

7.     
Број на освоени бодови.

 

Пласманот на табелата се
утврдува со бројот на освоените бодови.

Ако екипите освојат ист
број на бодови, за пласманот одлучува разликата меѓу дадените и примените
голови. Во случај разликата да е иста повисоко место завзема екипата која дала
повеќе голови. А ако и тоа е исто, се гледаат меѓусебните натпревари, а во
случај да и тоа е исто, натпреварувачкиот орган го утврдува пласманот со
ждрепка во присуство на по еден овластен претставник на клубовите..

Исклучок во утврдување
на пласманот има ако е во прашање место кое одлучува првак или поминување во
повисок или понизок степен на натпреварување или учество во клупските
натпреварувања на УЕФА.

Ако клубовите имаат ист
број на бодови во конечната табела во првенството, пласманот се утврдува на
следниот начин:

Ако два клуба имаат ист
број на бодови повисоко пласирана е екипата која во меѓусебните средби има
подобар биланс.

Ако три и повеќе клуба
имаат ист број на бодови се прави додатна табела во која влегуваат резултатите
од меѓусебните натпревари што ги одиграле екипите со ист број на бодови. Ако
збирот на освоените бодови е ист, одлучува разликата меѓу дадените и примените
голови. Ако и оваа разлика е иста, одлучува поголемиот број на постигнати
голови во гости (кога се два клуба), односно поголем број на постигнати голови
кога се во прашање три или повеќе клуба. Ако и на ваков начин не може да се
дојде до решение тогаш се одигруваат натпревари меѓу   изедначените клубови и тоа :

Ø      два натпревари
по двоен куп систем, ако се во прашање два клуба.

Ø      три натпревари,
по еднострук бод систем, на неутрален терен, ако се во прашање три клуба.

Ø      потребен број
натпревари по еднострук куп систем на неутрален терен, ако се во прашање четири
или поваќе клубови.

 

Доколку со тоа се
согласат
заинтересираните клубови, или со одлука на Органот за
натпреварување, наместо одигрување на овие натпревари, прашањето за победникот
може да се утврди и со одигрување на еден натпревар, ако се во прашање
два клуба.

За одигрување на
квалификациони и бараж, одигрувањето на тие натпревари се регулира со посебни
пропозиции,
донесени од Органот за натпреварување.

ohridnews