Со натпреварите од А и Б групите се комплетираше втората рунда во групната фаза од Велигденскиот турнир во мал фудбал Охрид 2012. Според статистичките параметри на турнирот одиграни се 24 натпревари, постигнати се 97 погодоци или просечно по 4 на натпревар.
Најефикасна е екипата на Дисконт Царовски со десет погодоци, притоа немаат примено гол. Во досегашните 24 натпревари, само еден меч заврши без голови Кадмо – Охридски Комуналец а најефикасен беше мечот помеѓу Вис Пој – Инбокс на кој заврши триумфираа “портокаловите“ со 4-3.
Најубедливи победи остварија Ликвид со 5-0 над Охридски Комуналец, додека два пати Дисконт Царовски со 5-0 ги “петардираа“ Данан Сат односно Ресторан Балкан.
Спарадајс и Бет ат Хоум ја “делат“ втората позиција откако со 5-1 ги совладаа Теди Комерц односно Телеком. Епитетот “шок триумф“ оди на сметка на Теди Комерц, кои со голот на Вељаноски Томислав во последните секунди од мечот извојуваа деби победа со 3-2 над Враништа.
Возбудувањата продолжуваат вечерва кога стартува трета рунда од групната фаза.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com