Групната фаза на турнирот Охрид 2012 заврши без поголеми изненадувања. Фаворитите рутинирано го оправдаа епитетот, совладувајќи ги “лесните“ противници. Бранителот на трофејот, Вис Пој, битолскиот преставник Дисконт Царовски и Бел Мерцедес се екипите кои имаат стопостотен учинок. Сеуште без пораз се екипите на Бекче, Жито Леб, АСП Пак и Кадмо.

Во досегашниот тек на турнирот, на 36 натпревар се постигнати 167 гола или во просек  4,63 погодоци по натпревар. Најефикасна екипа е Дисконт Царовски со 17 постигнати голови без ниту еден примен, а го имаат и најдобриот стрелец со осум погодоци Соколовски Сашо. Во сопственост на “гостите“ од Битола, е и најубедливата победа остварена над Практикер Дент со 7-0. По нив следува тимот на Инекс Горица кој “тениски“ 6-0 славеше над АСМ Рача.

Само еден меч во групната фаза заврши со (не)популарните 0-0, тоа беше во Б Групата помеѓу Кадмо – Охридски Комуналец. Епитот “шок триумф“ им припадна на “младите“ фудбалери на Инбокс кој со пресврт во вториот дел триумфираа над “поштарите“.

Мх.П.