Продолжува акцијата на нуркачкиот центар „Акватек“ за пронаоѓање на цврст отпад во водите на Охридското езеро, со цел покренување на еколошката свест и отстранување на отпадот.
По кадата, бојлерот, казанче за купатило, на дното на езерото во близина на Мостот на желбите, на длабочина од три метри, пронајдени се и остатоци од правосмукалка и машина за перење алишта.
- Продолжуваме со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и дислокација на истиот. Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател- човекот, порачуваат од Акватек.
OhridNews