Целулитот е непријател речиси на секоја жена, а бидејќи доаѓа лето, треба да знаеме некои факти за овој естетски проблем.

Кремите против целулит се исклучително барани и популарни, а некои од нив не се дури ни скапи, но всушност само некои од нив постигнуваат минимални резултати кај ограничен број жени. Кога делуваат површински, се намалува видливоста на целулитот, но далеку од тоа да го отстранат.

 

Маснотиите се поврзани со целулитот, но немојте да мислите дека се работи за иста работа. Целулитот се нерамнини на површината на кожата откако масните клетки ќе се прошират и оштетат колагенските влакна, создавајќи џебови на кожата.

Слабеењето може да го направи целулитот помалку видлив, но ни тоа нема да го избрише целосно. Еднакво, дебелеењето ќе го направи повидлив, но нема да го зголеми.

УВ зраците имаат штетно влијание врз кожата, што само е во прилог на поголема видливост на целулитот, па многу е важно пред излегување на сонце кожата добро да ја заштитите со крем со висок заштитен фактор, од лицето до местата на кои целулитот е најизразен.

извор:metro-portal.hr