За утре, со почеток во 13 часот, е закажано продолжението од 25- та седница на советот на општина Охрид. На дневниот ред се наоѓаат вкупно 30 точки.

Предлог- решенијата за разрешување и именување на членови од неколку комисии, утврдувањето на буџетскиот календар за 2011 како и остварениот буџет во текот на годината која изминува, досега реализираното во областа на туризмот и локалниот економски развој, урбанистичките решенија и изградбата на локалните патишта- се само дел од точките по кои ќе расправаат советниците. 

OhridNews