Перо Антиќ и Врбица Стефанов се едни од најдобрите кошаркари во македонската историја. Но, токму овие двајца се во центарот на вниманието откако имаа „војна на зборови“ во медиумите и социјалните мрежи.


Кошаркарот на Атланта Хоукс, Антиќ со погрдни зборови го омаловажи и нападна Стефанов, кој од синоќа е тренер на македонскиот првак МЗТ Скопје.


Стефанов не чекаше многу и преку интервју за „Спортмедиа“ му се обрати на Антиќ со кој заедно ги бранеа боите во националниот дрес.

– Навистина не ми се јасни фрустрациите кои Антиќ ги искажува кон мене. А, можеби и има причина за тоа, не знам. Он е еден од ликовите на кои не трошам време за анализирање, а неговите зборови само ја искажуваат неговата култура и домашно воспитување. Тоа е негов начин на изразување и негов вокабулар, а дали е исправен ќе процени јавноста. Само ми е жал за децата на кои тој им е идол – рече Стефанов.

Антиќ на теренот, а Стефанов од „сенка“ беа најзаслужни за пласманот на четвртата позиција на Македонија на Европското првенство во Литванија 2011 година.

Мх.П.