Клаудија Шифер накратко излезе од улогата на мајка и се врати на црвениот тепих. Убавата манекенка позирала на премиерата на филмот “This Must Be The Place” и покажала дека кратко по раѓањето на детето воопшто не се бори со вишокот килограми.

Всушност, послаба е од секогаш, а медиумите пишуваат дека можеби малку и претерала. Клаудија за премиерата одбрала црн Долче Габана фустан со чипка, под кој се гледало нејзиното голо тело. Фустанот бил проѕирен, но не ги откривал интимните делови на телото.
40-годишната манекенка пред неколку години ги критикувала младите модели кои поради работата изгладнуваат, но сега и таа очигледно подлегнала на трендот па на своето тело оставила многу малку месо.