Лекарите го потврдија првиот случај во кој жена месечарела и испратила неколку e-mail пораки, во кои ги повикала пријателите на пијалок и кавијар. Но не се сеќава на тоа.

Жена (44) отишла на спиење во 22 часот. Два часа подоцна почнала да месечари. Дошла до компјутерот, го приклучила и се конектирала на интернет, впишувајќи го корисничкото име и лозинката. Испратила три e-mail пораки на пријателите. Биле чудно напишани бидејќи користела мали и големи букви наизменично и биле напишани во необичен формат.

„Дојди утре да го решиш овој неред. Вечерата и пијалокот во 16 часот. Донеси вино и немој да заборавиш кавијар“ – напишала во e-mail пораките.


Експертите тврдат дека никогаш не виделе ваков вид на месечарење, кој бара комплексни работи како впишување лозинка и пишување на e-mail порака. Жената наредниот ден не се сеќавала на ништо.

Месечарењето е поврзано со замор, стрес, нервоза, алкохол или користење на некои лекови. Обично трае неколку минути, иако во некои случаи може да потрае и повеќе од половина час. Имало случаи во кои луѓе месечареле возејќи автомобил, свиреле на некој инструмент или сликале.