Автобуси со странски регистарски таблици секојдневно, а особено во текот на деновите од викенд, можат да се забележат во централното градско подрачје.

Градскиот плоштад или паркинг просторот кај некогашниот Дом на АРМ се најчестите локации каде автобусите ги истоваруваат гостите, кои потоа продолжуваат во обиколка на културно историските споменици на градот, се шетаат покрај кејот на езерото или по охридските продавници.


Тоа укажува на фактот дека не се почитува одлуката донесена од страна на Локалната самоуправа за забрана за движење на автобуси на потегот од булевар Туристичка кон езерото, се со цел дополнително да не се оптоварува сообраќајниот хаос во центарот на градот.

Од Локалната самоуправа потврдуваат дека одлуката сеуште е во сила, но потенцираат дека не е во нивна надлежност да ги казнуваат оние кои не ја почитуваат.  Казнувањето е во надлежност на полицијата, велат од Локалната самоуправа.

Од СВР- Охрид објаснуваат дека нивните екипи максимално се грижат за спроведување на забраната. – Се толерираат единствено автобусите кои ги превезуваат гостите до хотелите кои се наоѓаат во централното градско подрачје и се задржуваат во центарот на градот кратко време, колку што е потребно гостите да слезат од автобусите, објаснуваат од СВР- Охрид.       

Т. К.