За разлика од пред пет години кога во јавноста се покажуваше во секакви изданија, Памела Андерсон денес повторно внимава на својот изглед. Иако нејзиното лице сега изгледа непрепознатливо, бидејќи очигледно правела корекции на него, прикладната шминка и испегланата долга руса коса ја чинат многу поелегантна и поженствена од претходно.

 

Актерката после разводот од професионалниот покер играч Рик Саломон сврти нова страница во животот. Ужива во дружбите со машко друштво и како што изјави неодамна, повеќе нема намера да се мажи. Тоа и беше втор брак со Рик, се венчаа и во 2007 година, но тогаш го поништија бракот после само два месеци. Беше во брак и со музичарите Кид Рок и Томи Ли, со кој има и два сина. Најпознатата Плејбој зајачица популарност стекна со улогата во култната серија „Чувари на плажата“.