Исхраната и тренингот мора да одат рака под рака, па затоа не е на одмет да се знае кој вид на храна е најдобро да се јаде пред,а кој после вежбање.

Вежбањето е неопходен дел на здравиот живот, но често на некој начин е поврзано со прехрамбените навики кои ги усвојуваме поради диетите, па не е лошо да се знае што треба да се јаде пред, а што после тренингот за максимално да можеме да го искористиме.

Прво и основно правило е дека на вежбање не смее да одиме сити, но ниту гладни. Ако сме сити ќе имаме проблем со концентрацијата на вежбање, а гладните ќе патат бидејќи мускулите нема да имаат доволно енергија за тренинг.

Затоа, еве неколку основни правила. Изедете го оброкот два часа пред тренинг, и тоа внимателно избалансиран – 20% масти, 40% протеини и 40% јагленохидрати. Тоа е, на пример, тост со едно варено јајце, домашен овошен јогурт или смути со јаткасти плодови и суво овошје.

Намирниците со премногу масти или влакна треба да ги избегнувате, а во никој случај немојте пред тренинг да изедете некоја протеинска плочка.

После тренингот задолжително изедете овошје за да го вратите инсулинот во нормала, а дури потоа можете да јадете протеини за опоравување и градење на изморените мускули.

извор:metro-portal.hr