Што се гради на летната сцена Долни сарај, прашуваат жителите од месната заедница Стар град. Тие деновиве алармирале дека на простотот кој фестивалот Охридско лето го користи за сцена  деновиве се врши сечење на дрвата, наводно како подготовка за отворање ноќен клуб на тој простор.

Од дирекцијата на Охридско лето се обидуваат да ја смират  тензијата и тврдат дека просторот само се уредува за претсојната фестивалска сезона. Оттаму тврдат дека споменатиот простор не е издаден на физичко или правно лице  и дека таму нема да никне ноќен клуб.

Во обид да ги симне сите сомнежи управата на фестивалот за денеска закажа прес конференција на која ќе се обиде да ја убеди јавноста дека сцената Долни сарај и во иднина ќе ја има истата намена како и досега.    

Г.М.