Уставот на државата и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата.

Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада, се наведува во членот 93 од Уставот.

Деловникот на Собранието предвидува дека Владата или претседателот на Владата поднесуваат оставка до претседателот на собранието во писмена форма и истата може да се образложи. Оставката, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката.

Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“, предвидува член 220 од Деловникот на Собранието.

Премиерот Зоран Заев и претседател на владејачката СДСМ вчера по поразот што го претрпе партијата на локалните избори на завршната прес-конференција по затворањето на гласачките места изјави дека поднесува оставка од двете функции.

Тој е претседател на СДСМ од 2013 година, а премиерската функција ја доби на 31 мај 2017 година, додека втор премиерски мандат освои на изборите на 15 јули минатата година.

 

OhridNews