Повеќето од оние ѕвезди што ги знаеме денес, отсекогаш не живееле така луксузно. Некои од нив требале добро да се намачат за да го обезбедат својот леб, а дури и работеле несекојдневни работи само за да преживеат. Неодмна во јавноста излегоа информации за минатото на познатите личности, па така било откриено дека Џеј Зи порано работел како дилер на дрога, а Дејвид Летермен кој се смета за крал на ток шоуто, порано бил само обичен презентер на временска прогноза. Пред да стане заводник во познатата серија „Вовед во анатомија“, патрик Депси, учествувал на натпревари во жонглирање.

Познатиот рапер пи Диди чистел тоалети во мексикански ресторан, а слична работа на неговата имал и Хју Грант кој работел во ИБМ во Лондон. Пејачката Гвен Стефани исто така се занимавала со чистење, односно бришела подови во ресторант за брза храна. Меган Фокс работела маскирана во банана и презентирала едно кафуле. Џони Деп продавал пенкала преку телефон, а Бијонсе работела во фризерскиот салон на својата мајка, каде ја собирала косата од подот. Џорџ Клуни продавал осигурителни полиси, а Бил Мареј костени пред супермаркет, додека пак Калиста Флокарт била инструктор по аеробик. Исто така дел од познатите богаташи на денешницата се занимавале и со потешки работи како на пример: Ози Озборн кој работел на кланица, Вупи Голдберг во погребално претпријатие, а Метју Меконахи чистел пилешки измет во една фарма во Австралија.