Докажано е дека мажите кои два или три пати месечно јаделе полномасна риба имале 36% помал ризик од опасни заболувања.

Рибиното масло од мрсните риби како што е харингата, лососот или скушата, содржат многу вредни материи кои го намалуваат ризикот од многу честиот карцином кај мажите за речиси 60%.

Експертите до овие изненадувачки податоци дошле преку клиничка студија со која биле подложени 446 болни и 478 здрави мажи. Под лупа биле ставени прехранбените навики од испитаниците.

Докажано е дека мажите кои два или три пати месечно јаделе полномасна риба имале 36% помал ризик од опасни заболувања, додека кај оние кои истата риба ја јаделе барем еднаш неделно, тој процент се зголемил за 57%. Исто така, мажите кои во исхраната имале застапени морски плодови покажале висока отпорност на рак на простатата бидејќи и морските плодови се исклучително богати со Омега-3 масни киселини.

Еднаш неделно оброк со лосос или некоја друга мрсна риба може да го преполови влијанието на фаталниот ген на простатата, тврди професор Џон Вајт, водечки автор на истражувањето.

Научниците одлучиле да ги истражуваат поволните влијанија од морските плодови откако е воочено дека жителите од ладните крајбрежни региони се многу ретко болни и тоа се поврзало со прехрамбените навики.

Прв пат научниците воочиле поврзаност со мрсната риба, која престојува во најстудените води, и здравствената состојба ја воочиле кај Ескимите. Имено, Ескимите од срцеви болести заболуваат дури пет пати поретко од останатите луѓе, а освен за срцето и простатата Омега-3 масните киселини се докажано корисни против рак на белите дробови и дебелото црево и дијабетесот.

извор:metro-portal.hr