За време на телефонски разговор со непознато лице, повеќето луѓе се во состојба да го погодат географското потекло на својот соговорник, па и неговото моментално расположение. Но, научниците и психолозите тврдат дека човековиот глас може да даде и други информации за лицето со кое разговараме. Бојата и тоналитетот, помеѓу останатото, можат да ни ги откријат и годините, па дури и висината. Имено, американските научници докажале дека после само неколку изговорени реченици на двајца радио водители, слушателот може да процени кој од нив е повисок, како и дека е во состојба врз основа на бојата на гласот да нареди по висина пет непознати лица, од најнизок до највисок.
Што се однеусва да погодувањето на староста, група научници уште во 2010 година извела необичен експеримент. Замолиле 97 лица да слушаат гласови на 100 за нив непознати лица стари од две до 67 години и да се обидат да ја одредат нивната старосст. Се покажало дека учесниците во експериментот не биле во состојба точно да погодат за лицата постари од 47 години и воглавно ги прогласувале за млади. Но, речиси сите многу прецизно ги погаѓале младите лица, посебно тинејџерите и децата.