Спортските настани, кои требаше да ја одбележат 2020 година ќе се одржат во 2021 година, која ниту најмалку виновна профитираше од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Во 2021 година ќе се одржат многу манифестации од разно разни спортови. Најголемо внимание ќе привлечат Летните Олимписките игри и Европското првенство во фудбал, на кое ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.

  • Јануари:

Првиот месец во Новата година е резервиран за ракомет. Годинава на програмата е Светското првенство во Египет, на кое за жал нема да игра македонската ракометна репрезентација. Сепак, најава за спортски збиднувања ќе биде Релито Дакар. Покрај овие два настани во јануари ќе се одржат Африканскиот куп на нации и финалињата во фудбал во Аргентина и Бразил.

  • Февруари:

Во февруари спортската понуда ќе биде разновидна. Месецот стартува со Светското клупско првенство во фудбал, а, потоа следуваат Супер Боул и тенискиот гренм слем турнир Австралија Опен. На средината од месецот ќе се одржи Светскиот куп во биатлон и скијање, а, ќе заврши со Наскар серијата и Светскиот куп во нордиско скијање.

  • Март:

Атлетиката ќе биде во фокусот во месец март во 2021 година. Во Кина, во затворен простор ќе се одржи Светското првенство, кое ќе биде најава за Летните Олимписки игри во Токио, Јапонија. Возбудувања ќе има во зимските спортови во кои ќе се одбираат најдобрите за тековната сезона.

  • Април:

Спортските возбудувања во април ќе стартуваат со Светското првенсто во хокеј за жени, кое ќе се одржи во Канада. Во САД, треба да се одржи Атлетскиот маратон во Бостон на кој учествуваат најголем број на атлетичари.

  • Maj:

Во мај ќе финишираат националните првенства во фудбал во машка и женска конкуренција, ќе се играат финалињата во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. На тениски план ќе се одржи грен слем турнирот „Ролан Гарос“, а, на кошаркарски ќе започне плејофот.

  • Јуни:

Јуни ќе биде во знак на фудбалот. На 11 јуни ќе започнат Европското првенство во фудбал и Копа Америка. Помеѓу фудбалот прсти ќе замеша грен слем турнир Вимболдон.

  • Јули:

Месец за Летните олимписки игри во Токио. Иако ќе започнат во втората половина, сепак, олимписката еуфорија ќе започне многу порано. Во јули ќе се одржи Европското првенство во фудбал за жени и Светскиот куп во голф.

  • Август:

После завршување на Летните олимписки игри, веднаш, стартуваат Параолимписките игри за лица со инвалидидет и попреченост. За тениските возбудувања ќе се погрижи УС Опен, а од останата понуда за издвојување е ФИБА Азија купот.

  • Септември:

Во септември ќе се одржат Европското првенство во футсал, Европското првенство во пинг понг и Атлетскиот маратон во Берлин. Во речисите европски земји ќе стартуваат во националните шампиони во екипни и поединечни спортови.

  • Октомври:

Атлетските маратони во Лондон, Чикаго и Токио односно Светското првенство во ритмичка гимнастика ќе бидат во фокусот во октомври. Нема да изостанат и другите спортски возбудувања, но гореспоменататите настани ќе го одбележат десеттиот месец.

  • Ноември:

Мулти спортските игри во Кина и акробатските игри во Европа се издвојуваат од спортската понуда за месец ноември. Во тенисот ќе финишираат возбудувањата со турнирите во Рим и Париз.

  • Декември:

Последниот месе од 2021 ќе биде исполнет со ракомет и хокеј. На програмата се Светското првенство во ракомет за жени и Светското првенство во хокеј за мажи.

OhridNews