ВМРО ДПМНЕ денеска со почеток во 17 часот во големата сала на општина Охрид ќе одржи средба со граѓаните на која ќе учествуваат министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и други високи политички функционери од редовите на владејачката партија од областа на градежништвото и урбанизамот.

На средбата граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања до министерот за транспорт и до другите учесници во врска со темата како и во врска со други проблеми со кои секојдневно се соочуваат, и кои се од општ јавен интерес. Граѓаните, исто така,  ќе имаат можност да дадат да дадат нови предлози, идеи и сугестии за работењето на Владата.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ продолжува со искрениот пристап кон граѓаните, со почитувањето на принципот на отчетност за досега сработеното и со транспарентното работење кои и понатаму остануваат наша трајна определба, се вели во партиското соопштение.

Ohridnews