Златни статуи на Ганеша и Шива се пронајдени во еден хотел во центарот на англискиот град Лестер. Во истиот хотел гостите минатата година оставиле речиси два метри висок фикус, накитена елка, куфер полн со стрипови и 2000 фунти вредно индиско одело за младоженец, пренесуваат медиумите.

Некои од предметите кои најчесто се забораваат се полначи за мобилни, мобилни телефони, книги и плишани мечиња. Изненадувачки е и бројот на чевли кои гостите ги забораваат, а тука има и разни „играчки за возрасни“. Сепак, можеби најбизарно е тоа што еден човек го заборавил предбрачниот договор кој вклучувал два милиони фунти вредна куќа.