Стресот предизвикува производство на деформирани протеини во клетките, а добрата вест е дека клетките може да ги препознаат и да престанат да ги произведуваат.

Стресот има штетен ефект врз нашето тело и здравјето, а механизмот е познат – клетките почнуваат да произведуваат деформирани протеини, тврдат научниците.

Клетките произведувааат повеќе од 25 000 протеини со специфични облици, а по изложеноста на стрес поради претоплување или недоволна достапност на хранливи материи може да дојде до грешка и деформација на произведените протеини.

Сега е утврдено дека клетките може да ги препознаат ваквите деформирани протеини и да реагираат со успорување или целосно престанување на нивно производство.

Научниците веруваат дека нивните наоди ќе овозможат подобро разбирање на дијабетесот тип 2, АЛС, Алцхајмерова, Паркинсонова и Хантингтонова болест.

На сите овие болести им е заедничка акумулацијата на деформирани протеини.

извор:metro-portal.hr