Во споредбите на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Актуелниот тренер на Денвер Мајк Мелоун се приклучи во дебатата околу споредбата на Џордан и Џејмс. Мелоун му даде предност на Џордан во однос на Џејмс само поради една работа.
Оваа дискусија може да трае долго. За мене, Џордан е најголем кошаркар на сите времиња. Го тренирав Џејмс пет годоини, имам супер однос со него, но би го избрал Џордан. Џордан имаше „убиствен менталитет“. Тој беше подготвен срцетото да ти го извади ако треба да победи. Нешто што дефинитивно го нема Џејмс. – изјави Мелоун.
Џордан во текот на кариерата освои шест титули со Чикаго Булс додека Џејмс три пати има триумфирано во НБА лигата и се уште е активен играч.
OhridNews