Знаете ли дека четката за заби е вистински магнет за бактерии? Истражување на Универзитетот во Манчестер покажало дека на неа се наоѓаат повеќе од 10 милиони бактерии, вклучувајќи Е.Коли и стафилокок.

Во секој момент во човечката уста се наоѓаат од 100 до 200 различни орални бактерии, а во неизмиената уста може да има еднакво бактерии како и на нечист под од тоалет. До контаминација на четката за заби најчесто доаѓа за време на миењето раце ако ја чувате на мијалникот или покрај него, бидејќи несакајќи ја прскате. Освен тоа, на неа се лепат и бактерии од тоалетната школка кои се распрскуваат во воздухот после пуштањето на вода од казанчето и се населуваат на површината од целиот тоалет.
Ако вашата четка за заби падне на подот, имајте на ум дека во тој случај не вреди правилото од пет секунди. Четката веднаш ќе ги собере бактериите кои се населиле на подот од тоалетот.

 

извор:tportal.hr