Супервулканот Јелоустоун кој се наоѓа под Америка може да еруптира со застрашувачка сила и наеднаш да исфрли 250 кубни милји вулкански карпи и пепел. Ерупцијата може да прекрие огромна површина од Америка со пепел, а можеби дури и да предизвика “вулканска зима“ на Земјата. Според НАСА, ерупциите на супервулканите се поголема закана за човештвото отколку било кој астероид. Но што всушност би се случило?

Водачот на тимот научници на вулканската опсерваторија Јелоустоун, Д-р Мајкл Поланд, вели дека ерупцијата би исфрлила пепел и лава дури 16 милји во височина. Се шпекулира дека супервулканот во Јелоустоун ќе еруптира побрзо од очекуваното.

Поланд истакнува дека луѓето кои ќе бидат во околината на вулканот, дури и на стотици километри од него, ќе бидат во опасност. Но вистинската штета би се направила од вулканскиот прав кој ќе ги блокира патиштата, ќе ги онеспособи електричните мрежи и ќе уништи илјадници домови.

Градовите кои се во непосредна близина, како Солт Лејк Сити ќе бидат закопани под 1 метар пепел, а другите градови како Лос Анџелес ќе се соочат со 3цм дожд од пепел.

Сите авионски линии во Америка ќе бидат во прекин, а ефектите од “вулканската зима“ ќе бидат почувствувани ширум светот, со години, а можеби и децении.

Последната супер- ерупција во Јелоустоун се случила пред 631,000 години и Поланд нагласува дека не се очекува вулканот да еруптира сега. Тој истакна дека моментално поголемиот дел од магмата во Јелоустоун е делумно зацврстен.

А.М.