Десетици прехранбени производи во Грција ќе поскапат со зголемување на стапката на ДДВ од 13% на 23%, што е дел од договорот кој премиерот Алексис Ципрас го потпиша со кредиторите, како услов за земјата да ја добие потребната финансиска помош.
Поскапување се очекува кај кондиторските производи, безалкохолните пијалоци, соковите, конзервираните производи, чоколадите, кафето, растителните масла, дел од млечните производи…
Од истата причина ќе се зголемат и цените на градскиот транспорт, цената на такси превозот, картите за возови, како и авионските летови за внатрешни дестинации.
Непроменети ќе останат цените на месото, рибите, растителните семиња, зејтинот, водата, електричната енергија, природниот гас, товарниот транспорт, ортопедските помагала, социјалните и погребални услуги, паркинзите…, кои и понатаму ќе се оданочуваат со стапка на ДДВ од 13%.
OhridNews
извор Капитал