Непишано правило во светот на козметиката е дека бојата на амбалажата на парфемите асоцира на неговите состојќи, но и на неговата “јачина”.

Бојата на амбалажата може да ви помогне при избирањето на парфем дури и без да го испробате.


Розево пакување:

Парфемите кои имаат светло розеви пакувања имаат цветни и нежни мириси. Тие често содржат ружи, божури и полско цвеќе, а некои примери се “Bvlgari Rose”, и “Versace Bright Christal”.

Бело пакување:

Белите пакувања асоцираат на благи парфеми со мирис на “сапун и чистина”, а голем број од нив содржат јасмин. Примери се : “Bvlgari Voile de Jasmin” и “Jil Sander Sun”.

Плаво пакување:

Плавата боја асоцира на вода и свежина, а такви се и парфемите со ваква амбалажа. Најпознат од овие парфеми е “Agua di Gioia”

Црвено пакување:

Во црвените амбалажи се наоѓаат живи и слатки парфеми. Ако сте љубител на силните овошни ноти тогаш “Amor Amor” и “Moschino Chic Petals” се парфемите за вас

Златно пакување:

Овие парфеми како и нивните амбалажи се елегантни и “пристојни”, а исто така се едни од најпродаваните во последните години. Во нив спаѓаат: “Chloe”,”Body Burberry”, “She Armani”, “J’adore Dior”.