Како што облеката и фризурата, а и чевлите, зборуваат многу за нашиот карактер, тоа го прави и бојата на лакот за нокти. Бојата на лакот открива многу за карактерот на жената која го носи, па така веќе традиционално знаеме дека црвениот лак е резервиран за страствените жени полни со романтика кои сакаат флерт, но еднакво носат и многу енергија со која успеваат да се изборат за она што го сакаат.
Лакот со светкави елементи обично ќе го пронајдете на ноктите на разиграните, забавни жени кои сакаат добар хумор, бараат возбуда во се и на животот гледаат како на добра забава. Се разбира, само по себе јасно е дека таквиот лак го ставаат за да бидат забележани каде и да се појават.
Уште еден тип на жени сакаат да бидат ѕвезди на забавата, а тоа се оние со енергични бои на ноктите, како розеви или портокалеви, во склад со својот слободен дух кој сака да биде издвоен од масата. Срамежливоста е збор кој не постои во нивниот речник, а мислењето на другите и не им е толку важно.
Ноктите можат да бидат и уметничко платно, барем така сметаат креативните жени кои се трудат да направат што поинтересен маникир со мотиви. Тоа се спонтани и оптимистични личности на кои планирањето не им е јака страна бидејќи живеат во моментот и доста добро знаат да се изразат во се што работат.
Јаките личности кои сакаат таинственост ќе ги налакираат ноктите со темни нијанси лак кој јасно ќе ја изрази нивната силна личност која не почитува правила и живее за бунт. Но, од друга страна, целите во животот им се многу прецизно поставени и доста добро знаат како да ги постигнат.
Неутралните бои ќе ги најдете на ноктите на опуштените личности на кои истакнувањето не им е интересно, бидејќи нивната умерена природа и задоволство кон изгледот најдобро го претставуваат токму со тие бои.