Кога наутро се погледнувате во огледало, понекогаш гледате целосен странец, а тогаш вреди да ги знаете овие мали тајни.

Кожата на лицето е многу чувствителна и веднаш реагира на сите проблеми на нашето тело, тврдат научници кои откриле некои знаци според кои можеме веднаш да препознаеме дека нешто не е во ред со нашето здравје.

Сувата кожа укажува на недостаток на вода во организмот, но, ако покрај тоа забележите и мали отоци на лицето, најверојатно имате проблеми со работата на бубрезите и органите за излачување.

Се препорачува посета на доктор кој ќе ги изврши потребните испитувања.

Бледилото на лицето, како што веќе сите знаат, е знак за анемија поради недостаток на железо. Но, ако крвната слика ви е во ред, можеби се работи за проблеми со плуќата и бронхиите. Од друга страна, ако покрај бледилото на кожата имате сини нијанси околу устата и носот, тоа упатува на проблеми со работата на срцето.

Жолтеникавата боја на лицето укажува на проблеми со работата на жолчката или црниот дроб, па треба итно да се оди на испитувања за да се утврди дали дошло до застој на работата на жолчката и воспалителни процеси во телото. Ако кожата е сува или бледо-жолтеникава, проблемите се наоѓаат во дигестивниот систем, што може да значи дека ве очекува чир на желудникот или хроничен гастритис.

Затоа, ако наутро во огледалото ве погледне странец со чудна боја, знаете што треба да правите.

 

извор: metro-portal.hr