Старлетата Ким Кардашиан е се поблизу до тоа и законски да се разведе од поранешниот сопруг Крис Хемфрис, а со самото тоа и да се венча со раперот Кање Вест со кој очекува и принова ова лето. Ким, да потсетиме, по свадбата со кошаркарот Хемфрис, фотографиите ги продала за вртоглави милион долари, а како со Кање исто така планира свадба, раперот и забранил да ги продаде и нивните слики.

Кање уште пред неколку дена побарал од Ким што помалку да се појавува во јавноста пред камерите на љубопитните фотографи и што повеќе време да минува дома покрај лекарот кој константно внимава на нејзината бременост. Ким по породувањето исто така ќе има стручна медицинска помош. На неа и нејзиното бебе ќе внимаваат три медицински сестри до првиот роденден на бебето.