Освен успешните кариери, двајцата се заштитни лица за кампања за познатиот парфем Шанел 5. Супермоделот Жизел Бундшен ќе го замени славниот актер, кој е првиот маж кој го рекламира познатиот партнер, и ќе стане заштитно лице на новата промотивна кампања.
Инаку, манекенката веќе повеќе од година дена е заштитно лице на козметичката линија на Шанел, но сега ќе стане заштитно лице и на парфемот. Како што вели режисерот на рекламните спотови Баз Лурман, Жизел ја избрале поради природната убавина и модерната женственост. Сепак, рекламата нема да имаме можност да ја гледаме до следната година.