Манчестер Сити го завери билетот за учество во финалето од англискиот Лига куп победувајќи го Бартон со 9-0 во првиот меч одигран на Етихад. Стручњакот на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на гостински фудбалери им порача да бидат горди за успехот кој го направија со пласманот во ТОП 4.

  • Сакав да им честитам на фудбалерите од Бартон што воопшто дојдоа до оваа фаза во натпреварувањето. Тие заслужуваат почитување зато им кажав после натпреварот без разлика што ние победивме 9-0. Мора да бидат горди на самите себе, бидејќи остварија неверојатен успех. – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити во финалето од англискиот Лига куп ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален меч помеѓу Тотенхем – Челси. Првиот натпревар кој се одигра на Вембли стадионот му припадна на „петлите“ со минимални 1-0.

OhridNews