Охридските ракометари одиграа сосема две различни полувремиња во мечот со Текстилец, кој го добија со 25-22. Во првиот дел охриѓани одиграа доста лежерно додека во вториот решително и самоуверено што ги одведе до победа втора во плејаут лигата.

– Во соблекувалните на паузата меѓу двата дела се договоривме дека ние сме екипа која ако не дава максимум на теренот неможе да се радува на победа. Договорот моите ракометарите го испочитуваа, а сигурно и кондиционата подготвеност беше пресуден фактор за победникот. Тешко многу е тешко да се играат мечеви кои „живот“ значат можеби и затоа одигравме слабо прво полувреме – рече Горан Андоновски.

Охридскиот стратег не заборави да ги поздрави „Рибарите“ и публиката кои се неизоставен дел од натпреварите кога Охрид ги игра на домашен терен.

Мх.П.