Македонија сеуште е во ракометна еуфорија откако репрезентацијата до 20 години обезбеди пласман на Европското првенство во Австрија.
Поголем дел од репрезентативците кои ги бранеа боите на Македонија во квалификациите доаѓаат од Металург Јуниор последен противник на охридските „гладијатори“ во регуларниот дел од Супер лигата.
Натпреварот (петок 19 часот) нема да има никакво резултатско значење откако стана јасна сликата на табелата. Но, убедливиот пораз во првиот меч одигран во пролетниот дел од сезоната треба и мора да биде мотив повеќе за охридските ракометари.
Секако дека е добро охридската публиката во живо да ги види квалитетите на Филип Талевски, Филип Иваноски и Мартин Манасков кои беа најзабележителни во чекирањето на ЕП билетите.
Избраниците на охридскиот стратег никогаш бодовите пред своите гледачи не ги предале без борба, така ќе биде и сега кога се очекува одлична ракометна престава.
Мх.П.