Да се биде освојувач на златен медал на Европско првенство е огромен успех. Медалите се награда за минатиот труд, макотрпната работа како и големото вложување на самиот себе во спортот. Членот на карате клубот „Макпетрол“, и македонската репрезентација Наташа Илиевска споедели со нас како минува еден ден на Европскиот првак.


– Тренирам два пати дневно, помеѓу одмарам и се ми се врти околу каратето. За еден спортист да се одржи во добар и здрав живот, најбитна е исхраната. Оброците не смее да се прескокнуваат и пропуштаат. Префирам да јадам зеленчук, овошје, варена храна без зачини и тестенини. Мора да се внимава да не се внесува мрсна храна. Кога моите најблиски се со мене ги терам да внимаваат на храната – вели за ohridnews, eвропскиот првак Илиевска.


Освен што е член на карате клубот „Макпетрол“, Илиевска е и помшник тренер. Целиот ден го поминува во учење или предавање на дечиња кои доправа ги откриваат тајните на каратето.


Не сакам тоа да го чувствувам како откажување, мене целиот живот ми е поврзан со карате спортот, додава скромната Илиевска.

Илиевска заедно со македонската карате репрезентација, во Струга ги финишираат подготвките за континеталниот собир во Тенерифе, Шпанија (10-12 мај) каде ќе го брани златниот медал, освоен лани во Цирих, Швајцарија.

М.П.