Измина првиот продолжен полициски час во земјава, кој од вчера во работните денови е подолг за пет часа и трае од 16 до 05 часот. Во викендите, пак, целосно е забрането движење, освен во случаите пропишани со Уредбата на Владата, за службените лица и лицата со посебни дозволи кои ги издаваат надлежните институции? Но, што доколку граѓаните имаат итна потреба од лекар во полициски час?
Бидејќи во животот се случуваат и непредвидени работи, граѓаните немаат потреба да бараат на броевите 192, или да бараат дополнителна дозвола, туку тие треба да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од теренските контроли доволно е да ја кажат точната локација на здравствена установа каде се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и пропуштени, а полицијата ќе изврши дополнителна контрола дали лицето навистина се упатило на наведената локација. – објасни на инфо сесијата што вчера се одржа во Владата за посебните мерки, заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, која нагласи дека злоупотребата ќе биде санкционирана.
OhridNews