Папаз и Танче после двете авторски нумери “Спомени” и ”Нели бевме”, во која гостуваше актерката Марија Димитрова, во етер ја пуштаат преработката на преубавата македонска народната песна – “Што да правам, што да чинам”, која исто така е дел од нивниот заеднички албум Елегија.

Песната е преработена во „soul, smoot jazz“ стил, работена е во студиото на Танче Гроздановски.

Саксофонот го свири Папаз, гитарата, аранжманот и продукцијата се на Танче, пијаното го свири Иван Еминовиќ.

Наскоро по објавувањето на оваа преработка, следува промоција на албумот Елегија, коj дигиталнo ќе биде дистрибуиран од страна на хрватскатата музичка продукција Менарт.

На него ќе се најдат осум композиции, четири авторски и четири преработки на македонски изворни песни.

OhridNews