Во деловниот свет и понатака владеат некои правила кои подобро е да се следат доколку сакате да бидете сериозно сфатени, па еве неколку корисни совети.

Разговорот за работа или било кој друг работен состанок доволно е трауматичен сам по себе, па повеќето луѓе не пристапуваат на облекувањето доволно фокусирано бидејќи паметот им е на друго место, но ако знаеме дека некои бои имаат подобро влијание врз соговорникот, тоa би требало да се искористи.

Иако во последно време правилата се променуваат и не се повеќе толку крути што се однесува на облекувањето, постојат некои бои кои на пример при разговорот за работа ќе ви донесат значајна предност пред другите кандидати поради асоцијациите кои ги будат кај соговорниците.

Црна-огледало е на сериозност и професионалност, работодавците најчесто ја поврзуваат со лидерство, па претставува одличен избор, но не во случај да се работи за тесна кожна облека.

Сина-одраз е на тимски дух и прилагодливост со соработниците на работа, па одлично ќе ве претстави на потенцијалниот работодавач, но избегнувајте екстремни нијанси, држете се до темните.

Сива-апсолутно доминантна бидејќи работодавците ја поврзуваат со логичното размислување и ладна глава, што за секоја работа е многу корисна карактеристика.

извор:metro-portal.hr