Експертите велат дека за убав и млад изглед треба, пред се, да се живее здраво, а еден од важните фактори за здрав живот е исхраната. Затоа нутриционистите сосавиле листа од седум намирници кои се добри за здравјето а со самото тоа и за убавината и младоста на телото. Прва меѓу нив е рибата, за која истражувањата покажале дека луѓето кои јадат многу риба речиси никогаш не патат од кардиоваскуларни болести. Инаку, рибата е богата со омега 3 масти кои го стабилизираат срцевиот ритам и штитат од собирање холестерол во крвните садови. Второ по ред е маслиново масло кое изобилува со заситени масти и добро е во борбата против ракот и срцевите болести.
Следува чоколадото, чија главна состојка е какаото кое содржи состојки кои се многу добри за крвните садови,а исто така, доколку се јаде во разумни граници, делува превентивно и против настанувањето на дијабетис тип 2. Јогуртот може да го забави стареењето, бидејќи изобилува со калциум кој спречува болести поврзанисо коските, а содржи и добри бактерии кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Следува боровницата, јаткастите плодови и црното вино, кое во мали количини влијае врз заболувањето од дијабетис, губитокот на меморијата и срцевите болести.