Секое расположение има свои предности и мани, а оние кои не ви се допаѓаат можете брзо да ги поправите со одредени видови храна. Храната има разновидно влијание врз нас, и тоа не само физичко, тврдат нутриционистите и предлагаат лошото расположение да го поправиме со вистинската храна.
Кога стресот е премногу силен, експертите советуваат-јадете чоколадо! Што поголем процент на какао, тоа подобро ќе се носите со стресот.
Бавни сте и демотивирани? Ве убива времето? Повеќето луѓе ќе си направат нова шолја кафе, но експертите советуваат да направите салата од спанаќ која ќе ве наполни со фолна киселина и ќе ве разбуди за миг. Ако спанаќот не ви е на листата на омилени јадења, помогнете си со грашок или грав.
Раздразливоста никому не му е драга, па ви препорачуваме јаболка, а на лутите најдобро ќе им помогне зелениот чај кој смирува и ќе и помогне на концентрацијата и сосредоточеноста.
Тагата е понекогаш последица на недостаток на витаминот Д, поради кој нашето тело не произведува доволно серотонин. Житарките со млеко набрзо ќе ви го поправат расположението.
Нервозата најдобро се лечи со лосос или некоја друга риба богата со Омега 3 масни киселини, додека ПМС најдобро е да се лечи со зголемено лачење на серотонин, па навалете на житарките или јајца за менструалните болки и лошото расположение да ги оставите зад себе.