– Ме весели фактот што нашите репрезентативци играат добро во своите клубови. Пред дуелот со Македонија сме оптимисти и сакаме максимален учинок од двата натпревари. Сега целиот стручен штаб сме концетрирани на Македонија тие традиционално се незгоден противник а плус ќе имаат голема подршkа од трибините, но, тоа нас нема да не уплаши и ние одиме да си ја оствариме целта да победиме – порача селекторот на Хрватска, Игор Штимац.
Во првиот натпревар Хрватска потешко од очекувањата триумфираше над Македонија со 1-0. Избраниците на Јаневски имаа повеќе од играта и подобри шанси но Јелавиќ беше фудбалерот на одлука.
– Не се оптарувам со тоа како победивме пред еден месец. Тогаш имавме повеќе проблеми некои беа физички некои беа псхички бидејќи фудбалерите не играа стандардно за своите екипи. Сега имаа доволно минутажа но и сега има треба свежина. Задоволен сум од прикажаната игра на двата меча поготово од одбраната на оној натпревар против Белгија кога ремизиравме 1-1 – потенцираше Штимац.
На прашањето како ќе го запрат најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, селекторот на Хрватска рече – Се знам за него, тој им е двигател на играта. Се уште не знам како ќе го чуваме дали “човек на човек“ или ќе го преземаме, зависно кој ќе го почне натпреварот – заврши Штимац.
Мечот помеѓу Македонија и Хрватска на програмата е во петок со почеток од 20.15 часот.