Според хрватските медиуми селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Игор Штимац на “Филип Втори“ против Македонија в петок ќе истрча со најсилниот состав. Македонија и Хрватска ќе се сретнат во третото коло во рамките од квалифкациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.


Штимац нема намера да ја менува формацијата 4-3-2-1 со која Хрватска настапи во Загреб и славеше минимално 1-0 над Македонија. Со истата формација “коцкастите“ одиграа без победник 1-1 во дерби средбата од второто коло со Белгија.


На голот очекувано ќе биде Плетикоса, последната четворка ќе ја сочинуваат Вида, Шимуниќ, Стриниќ и Чорлука. Во средината каде ќе се бори најголемата битка на теренот ќе се најдат Вукојевиќ, Модриќ, Крањчар (Перишиќ), Срна и Ракитиќ додека во нападот осамен ќе биде Манџукиќ.


Покрај кристализација на формацијата селекторот Штимац повеќе внимание посветил на тоа како да се запре најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Според формацијата главни фудбалери кои ќе имаат задача да го неутрализираат Пандев ќе бидат Вукојевиќ и Срна.

Мх.П.