Штетите од вчерашното невреме што ги направи силниот ветер кој на моменти дуваше, на одредени места, со брзина поголема и од 100 километри, денеска се предмет на проценка иаку веќе вчера морничавата глетка што зад себе ја остави невремето наговести дека се нанесени големи финансиски штети особено врз објектот на Хируршкото одделение при Општата Болница и ОУ „Свети Климент Охридски“, информираше локалната самоуправа.
Градоначалникот Александар Петрески со посебно Решение формира тричлена Комисија за проценка на штетата на ОУ Св. „Климент Охридски“ каде ветрот го оштети покривот од спортската сала. Утринава, Комисијата и градоначалникот Петрески извршија увид на самото место. Во увидот учествуваа и претставници на инвеститорот и изведувачот при што е констатирано дека причина за настанатата штета е силниот ветар. Првичната проценка на штетата изнесува околу еден милион денари.
Од страна на Градоначланикот е даден налог на инвеститорот и изведувачот на работите, санацијата на објектот да започне уште во текот на денешниот ден и истата да се интензивира во наредните денови така што се очекува за 15-20 дена објектот да биде целосно саниран и учениците да можат да го користат за намената што тој ја има, соопшти локалната самоуправа.
ohridnews