Високиот водостој на езерото и подземните води, суште го оптеретуваат  Колекторскиот ситем, кој  поради бројните дефекти на пумпите и инсталацијата, се наоѓа во критична состојба. За утврдување на штетите, кои тој  ги петрпе од надојденото езеро и подземните води, раководството на МЈП Проаква и Локалната самоуправа од Охрид  формирале Комисија за проценка.

– Само во Стариот дел на градот се случени повеќе дефекти на пумпите, а се проценува дека при тоа е направена штета од околу 60.000 евра. Според првичните проценки штетата на целиот Колектор ќе изнесува најмалку 1 милион евра.-вели Бранислав Трпчески, директор на МЈП Проаква.


Колекторот и недоизграден и со штети

Проблемот не е само во пумпните сатници, голем проблем постои и со Системите за  канализационата мрежа во Охрид и во Струга, затоа што како што објаснуваат надлежните,  ситемот за одводнување на фекални води не е затворен  и во него се влеваат и атмосферките и подземните води.

-Поминати се 28 години од инсталирање на  колекторскиот систем и тој е значително амортизиран и во делот на цевководот и во делот на пумпните станици, што директно влијае на квалитетот на прочистување на отпадната вода.  Таа не може да биде прочистена сто отсто, а  тоа значи дека се зголемува нивото на преливање на отпадни води дирекно во Охридското Езеро. –вели Ваид Ајро, директор на Колекторот.

Тој објаснува дека Колекторскиот ситем треба да се обнови и да се реконструира, а исто така треба да се направи анализа и да се оцени неговото влијание врз животната средина.

-Покрај тоа што треба да се инсталираат многу помоќни пумпни станици, за да може да се прочистува поголемо количество на отпадна вода, најпрво треба да се направи херметичко затворање на цевководите на Колекторот и точно да се знае која е фекална која е атмосферска каналиација.-нагалсува Ајро.

E.E.