Штетата врз украинската инфраструктура, предизвикана од руските напади, досега се проценува на речиси 63 милијарди долари, јави Анадолија.
Русија на 24 февруари го почна нападот врз Украина, а експертите од Киевската економска школа ја соопштија анализата во која се наведува дека украинската инфраструктура претрпела штета од 62,88 милијарди долари.
Причинетата штета во изминатите седум дена се проценува на 3,5 милијарди долари.
Експертите во својата анализа наведуваат дека во досегашните руски напади се оштетени над 8.000 патишта, 260 мостови, 4,431 станбен објект, 92 фабрики или претпријатија, 378 образовни институции, 138 здравствени установи, две пристаништа, осум цивилни и 10 воени аеродроми, како и осум елекрани, меѓу кои и една нуклеарна.
OhridNews