Навивачите на Шкендија го демолираа буквално стадионот Филип Втори по финалниот меч во Купот на Македонија во кој тетовчани го совладаа Работнички со 2-0.
Пред и после натпреварот навивачите на Шкендија познати како „Балисти“ дивеаја на стадионот, а според проценителот тие имаат направено штета од 70 000 евра.
„Балистите“ имаат оштетено огромен дел од тартанот на атлетската патека, 300 столчиња, тоалетите, гардероберите, таваните и инсталациите по баклијадата.
– До ФФМ доставивме официјална претставка со укажување и разгледување на можноста дека на одредени фудбалски клубови кои ќе се однесуваат недолично и нивните навивачки групи ќе го оштетуваат државниот имот нема да им дозволиме да играат на арената „Филип Втори“. Затоа апелирам до управите на клубовите да поведат сметка во контролирање на нивните навивачки групи. – рече Цветко Грозданов, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење во Македонија.
OhridNews