Две победи, едно реми и еден пораз е билансот на гостувањата на лидерот на табелата Миравци, кој ќе биде наредниот предизвик за охридските бели. Госитете кои како лидери доаѓаат во Струга очекуваат да ја прекинат негативната серија.

Не очекува тешко гостување, Охрид има квалитетен тим и знаеме дека тешко се овојуваат бодови. Ние сме подготвени и секако дека ке дадеме се` од себе да дојдеме до трите бода. Два меча немаме победа и сакаме токму на овај меч да ја прекинеме таа мини серија – вели најдобриот стрелец во тимот Дарко Штерјов.

Овие екипи досега се сретнаа шест пати. Традцијата е на страна на Миравци која има две победи и еден пораз , додека три меча завршиле без победник. Гол разликата е 9-8 во корист на тимот од Југот.

OhridNews