Еден од најдобрите светски голмани Арпад Штербик потпиша четиригодишен договор со македонскиот вицепрвак Вардар.

Долго време се пишуваше и шпекулираше за ангажманот на Штербик, а договорот го потврди клубот преку официјално соопштение.

– Намерата на Вардар, четвртфиналистот на ЕХФ Лигата на шампионите во сезоната 2013/2014 е создавање на моќен тим што ќе биде понуди квалитет и ќе биде предизвик за сите европски ривали. Арпад Штербик се вклопува во идејата и замислите на Вардар за создавање на конкурентен тим поради што е потпишан договор со четиригодишна клаузула – стои во клупското соопштение.

Ангажманот на Штербик треба да биде „мамка“ за останатите ракометари кои се на радарот од „црвено црните“.

Шпанскиот стратег на клупата од Вардар, Раул Гонзалес  има страотно голманско трио во имињата на Ангелов, Милиќ и новодојдениот Штербик.

Мх.П.