Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, вчера се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од пропаднатата „Еуростандард банка“.

На состанокот биле споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“, а  Иницијативниот одбор, изнел предлози за можни решенија.

Премиерот Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација, информира владината прес слѕужба.

Здружение на оштетени граѓани од пропаднатата „Еуростандард банка“  ја поздрави отвореноста на премиерот Заев и на Владата за средба, со цел разгледување на проблемот и можните решенија и најави дека поддршка за изнаоѓање решение за настанатата ситуација ќе побара и од пратениците од сите парламентарни партии во Собранието, но едновремено од нив бараат да не се политизира нивното прашање.

OhridNews